Шалке го бараат ветеранот Хунтелар да ги спаси од испаѓање

Шалке го бараат ветеранот Хунтелар да ги спаси од испаѓање

пред 4 години

Бундеслигашот Шалке 04 се обидува да го врати во Гелзенкирхен 37-годишниот холандски напаѓач кој е дел од Ајакс, Клас–Јан Хунтелар. Холанѓанецот беше дел од екипата од 2010 до 2017 година.

Хунтелар најави збогување со фудбалот на крајот на оваа сезона, но на германскиот клуб му е потребен пролетва, за да се обиде да остане во првата германска лига.

Шалке моментно е претпоследен на табелата со -4 бода од 16-тиот Келн и -6 бода од Арминија Билефилд, која е 15-та на табелата.

Овој клуб беше во страшна резултатска криза, 30 меча или 357 дена без победа, па следуваше триумф од 4-0 против Хофенхајм.

Хунтелар за Шалке одигра 240 меча и постигна 126 гола, заедно со 35 асистенции.

Share
Scroll to Top