Xiaomi својот флексибилен телефон го прикажа уште во јануари 2019 година, но компанијата никогаш не го објави официјалниот датум на лансирање на телефонот. Сега Mi флексибилниот уред се појави на фотографии во живо.
Според објава на веб-страницата Weibo, флексибилниот телефон може да биде претставен кон крајот на оваа година. Фотографиите покажуваат дека уредот има механизам за свиткување на екранот навнатре, како кај Galaxy Z Fold2 моделот. Екранот е наборен во делот што се свиткува, што го потврдува механизмот за свиткување.
Спецификациите на флексибилниот Xiaomi телефонво моментов не се познати. Телефонот од фотографиите е покриен со заштитна маска за да се скрие дизајнот, додека содржината на дисплејот открива дека телефонот го користи MIUI 12 кориснички интерфејс.