Преку истражувања Канаѓаните дошле до заклучок дека шишињата измелени во ситна прашина во комбинација со цемент можат позитивно да влијаат на јачината и издржливоста на градба.

Многумина од нас кои се трудат да придонесат за почиста околина и селектираат отпад, на крајот би сакале да знаат каде завршуваат сите тие стаклени шишиња од вино, пиво … Во канадскиот град Монтреал, решиле да им помогнат на своите граѓани за да ја решат оваа мистерија. Властите најавиле дека ќе искористат 70.000 шишиња за изградба на два моста во градот. Сигурно се прашувате која е врската помеѓу шишињата и мостовите?

Истражувањата ги навеле Канаѓаните да заклучат дека шишињата измелени во ситна прашина во комбинација со цемент позитивно влијаат на јачината и еластичноста на одредена градба. Затоа, тие 70.000 шишиња се мешаат со 40.000 килограми цемент и тоа ќе биде составот на двата идни моста. Стаклото сочинува околу 10 проценти од таа мешавина.