Адетокумбо не може слободно да погоди: Проблемот не е во главата

Адетокумбо не може слободно да погоди: Проблемот не е во главата

пред 4 години

Јанис Адетокумбо, од почетокот на сезоната, има проблеми со изведувањето на слободните фрлања. Гркот, погодил 69 од 120 слободни (57,5 отсто), а синоќа против Далас, од линијата за слободни од десет пати погоди само еднаш.

„Не е проблемот во главата. Кога ќе застанам на линијата за слободни не размислувам премногу, само шутирам. Тоа го правам од мојата 12 година. Се обидувам што повисоко да ја шутнам топката, бидејќи најголем број од шутевите завршува на првиот обрач. Морам да се фокусирам на техниката. Чекор по чекор“, рекол Адетокупбо.

Двократниот МВП, натпреварот со Далас го заврши со 31 поен и 9 скока. Милвоки славеа над Маверикс со 112:109.

Share
Scroll to Top