Парма го отпушти тренерот Ливерани

Парма го отпушти тренерот Ливерани

пред 3 години

Челниците на Парма му врачија отказ на тренерот Фабио Ливерани. Парма, во средата, доживеа пораз од Аталанта 3:0 и падна на 18 позиција на табелата. Поразот во Бергамо беше четврти во низа за Парма.

„Жал ми е што морам да заминам, ја знам својата улога и со спокој ја прифаќам одлуката“, рекол Ливерани.

Италијанските медиуми шпекулират дека нов тренер на Парма ќе биде Португалецот Паоло Соуза.

Share
Scroll to Top