Малме од слободен удар го реши Хелсинки, 0:0 и во Словенија и во Словачка

Малме од слободен удар го реши Хелсинки, 0:0 и во Словенија и во Словачка

пред 3 години

Денеска во фудбалска Европа се играат преостанатите дуели од второто квалификациско коло за Лигата на шампионите.
Малме на свој терен минимално со 2-1 го совлада шампионот на Финска, тимот на ХЈК Хелсинки.

Кристијансен со гол од слободен удар во 74 минута ја донесе победата на шведскиот тим.

Претходно Малме во 45 минута поведе преку Чолак, а гостинот од Финска го израмни резултатот во 68 минута преку Рупи Риски.

Победникот од овој двомеч во третото коло од квалификациите ќе игра против шкотски Ренџерс.

На останатите два меча, во Словенија Мура го пречека бугарски Лудогорец, а во Словачка, тимот на Слован Братислава беше домаќин на швајцарски Јанг Бојс.

Два меча заврши со почетниот резултат, па патниците во следното коло ќе бидат познати по реваншите.

Share
Scroll to Top