Тен Хаг: На Роналдо „навистина“ му требаше тој гол

Тен Хаг: На Роналдо „навистина“ му требаше тој гол

пред 2 години

Ерик Тен Хаг смета дека на Кристијано Роналдо му беше „потребен гол“, откако португалскиот ветеран конечно стигна до својот прв гол, реализирајќи пенал при 0:2 победата на „ѓаволите“ против Шериф Тираспол во меч од Лига Европа. Ова беше прв гол на Роналдо во осум настапи оваа сезона и вкупно 699. во неговата клупска кариера.

„Навистина му беше потребен тој гол. Многу пати оваа сезона беше блиску, и толку го сакаше голот. Сите сме среќни за него и тимот сакаше да му донесе гол. Кога ќе застане на белата точка знаете дека Кристијано ќе даде гол. Тој е целосно посветен на проектот, исто така има врски околу клубот и во него и среќен сум поради тоа. Ова е почеток“, вели Тен Хаг.

Share
Scroll to Top