Капитенот на Еспањол ќе „гине“ само Барса да не им слават во лице

Капитенот на Еспањол ќе „гине“ само Барса да не им слават во лице

пред 11 месеци

Барселона во недела има шанса да ја освои својата прва титула од Ла лига од 2019 година на стадионот „РЦДЕ“ на градскиот ривал Еспањол, и капитенот на ривалите, Серхи Дардер најави дека ќе мора да „умрат“ на теренот само да не им се слави во лице.

Барселона веќе има испланирано парада низ градот за во понеделник, а можно е да не им е потребна победа доколку Атлетико Мадрид и Реал Мадрид не победат во своите мечеви. Од друга страна, Еспањол се наоѓа пред враќање во втората лига – на пет кола прд крајот се на три поени од безбедната зона.

„Никој нема повисока мотивација од нас. Не ми е грижа ако отидеме ‘предалеку’ во овој меч. Морам е да ја задржиме контролата и да останеме со 11 играчи на теренот, а ако секој меч е финале, ова е повеќекратно поважен меч. Сакам тимот да излезе и да гине, знаејќи дека ова не е забава. Потребни ни се три поени, така што не е само Барселона да не ја освои лигата, туку да се спасиме, меѓутоа никој од нас не сака да ни слават во лице“, вели Дардер.

Share
Scroll to Top