Сестрата на Роналдо „удри“ по Тен Хаг: Сега е предоцна да се објаснуваш

Сестрата на Роналдо „удри“ по Тен Хаг: Сега е предоцна да се објаснуваш

пред 2 години

Семејството на Кристијано Роналдо не пропушта шанса да застане во негова одбрана, откако по неколку објави на Катја Авеиро, сега се јави и другата негова сестра, Елма Авеиро, која го нападна менаџерот на Манчестер јунајтед, Ерик Тен Хаг за тоа што го заменил Роналдо со Маркус Рашфорд при 0:0 ремито со Њукасл.

Тен Хаг по мечот изјави дека морал да го повлече Роналдо поради напорниот распоред за да го остави „свеж“, во уште една необична изјава на Холанѓанецот, откако при поразот од Манчестер сити изјави дека не го ставил Португалецот во игра поради „респект кон неговата голема кариера“.

Коментирајќи на напис за „оправдувањето“ на Тен Хаг, Елма Авеиро напиша: „Сега е предоцна“.

Ова не е првпат сестрите на Роналдо да се јават на социјалните мрежи со критики за критичарите на Роналдо. Катја Авеиро влезе во остар напад на португалската јавност, нарекувајќи ги „неблагодарници“ по критиките по 1:0 поразот од Шпанија.

Share
Scroll to Top