Баркли: НБА нема мадиња да го казни Леброн

Баркли: НБА нема мадиња да го казни Леброн

пред 3 години

НБА легендата, Чарлс Баркли вели дека НБА лигата „нема мадиња“ да го дисциплинира Леброн Џејмс поради неговото прекршување на протоколот за заштита од корона вирусот.

„Кралот“ Џејмс присуствуваше на настан за промоција на негов спонзор, компанија за производство на текила заедно со раперот Дрејк, но НБА реши да не го казни и тој нема да пропушти меч до крајот на плејофот.

Баркли, кој беше МВП на лигата со Феникс санс во 1993 година, вели дека се работи за неправда.

„Да ви кажам нешто, го сакам НБА комесарот Адам Силвер, но НБА едноставно нема мадиња да го суспендира Леброн Џејмс. Да беше било кој друг, веднаш ќе го поставеа во карантин. Но, нема е.ана шанса Леброн да паузира поради прекршување на протоколите“, вели Баркли.

Share
Scroll to Top