Дејан Станковиќ прв пик за нов тренер на Сампдорија

Дејан Станковиќ прв пик за нов тренер на Сампдорија

пред 3 години

Сопственикот на Сампдорија, Масимо Фереро, имал желба за тренер да го донесе Дејан Станковиќ.

Фереро не бил задоволен од работата на искусниот Клаудио Раниер, поради што започнал да бара нов тренер, со кого тимот би влегол во новата сезона.

Локалниот медиум од Џенова, „Il Secolo XIX“, објави дека Фереро барал начин да одржи состанок со Станковиќ, со напомена дека тие двајца еднаш се сретнале во Рим.

До Станковиќ, тој успеал да дојде со помош на тренерот на Болоња, Синиша Михајловиќ.

Дејан Станковиќ, пред нешто повеќе од една година, ја започна тренерската кариера. Неговиот тим, по вчерашната победа над Партизан, се наоѓа на чекор до шампионската титула во Србија.

Share
Scroll to Top