„Фенерџијата“ Кротоне ги уништи Беневенто, но остана последен

„Фенерџијата“ Кротоне ги уништи Беневенто, но остана последен

пред 4 години

Последнопласираниот клуб во Серија А, Кротоне стигна до изненадувачка 4:1 победа над Беневенто, откако Нванкво Сими постигна два гола и примора еден автогол, но сепак, останаа на последното место на табелата, откако Парма одигра 1:1 кај Сасуоло по примениот гол од пенал во судиското продолжение.

Кротоне и Беневенто минатото лето влегоа во Серија А, но досега имаа различни сезони – Кротоне цело време се на дното, додека тимот на Пипо Инзаги во средината на табелата. Камил Глик си постигна автогол по само четири минути игра во обид да го спречи Сими да постигне гол, пред Нигериецот да зголеми на 2:0 во 29. минута, и во 54. минута да постигне гол за огромни 3:0. Сими му асистираше на Милош Вулиќ за 4:0 во 65. минута, пред Беневенто да постигнат утешителен гол во 82. минута преку Јаго Фалке.

Парма, пак, до финишот на мечот имаше водство од 0:1 кај Сасуоло откако Јурај Куцка во 37. минута донесе водство, но во 94. минута беше досуден пенал за домаќините за Филип Ѓуриќиќ да донесе поен за Сасуоло.

Парма е на претпоследното место на табелата со 13 поени, Кротоне сега има 12, на другата страна на табелата, Сасуоло се на осмото место, а Беневенто на 12-тото.

Share
Scroll to Top