Брнабиќ: Во Србија почнува масовна вакцинација

пред 4 години

Премиерката на Србија, Ана Брнабиќ, најави дека утре во Србија ќе почне масовна вакцинација на граѓаните против коронавирус.

Таа изјави дека од утре ќе се вакцинираат воспитувачите, припадниците на армијата и полицијата, како и новинарите.

„Веќе започнавме со вакцинација на луѓето кои изразија интерес да бидат вакцинирани. Ве молиме, пријавете сè што е можно повеќе, затоа што колку побрзо и поефикасно го сториме ова, толку побрзо ќе се вратиме во нормален живот“, рече Брнабиќ.

Таа оцени дека системот за апликација за вакцинација преку порталот „Е-управа“ работи апсолутно совршено и апелираше до наставниците да аплицираат во што поголем број.

„Исклучително е важно сите да сториме сè што е во наша моќ децата да одат на училиште што е можно подолго. Особено е важно најмладите ученици од прво до четврто одделение да бидат со своите наставници, да се дружат. Затоа донесовме одлука да започнеме со настава повторно по зимскиот распуст“, рече Брнабиќ.