Тежок удар за Франција, се повреди Пардин

Тежок удар за Франција, се повреди Пардин

пред 4 години

Победата на Франција над Швајцарија (25:24), во третото коло на Светското првенство во Египет, има горчлив вкус, бидејќи во текот на натпреварот се повреди голманот Весли Пардин.

Пардин (30), кој дебитира за Франција на големите натпреварувања, се повредил кога Седри Тиновски падна на неговата нога.

„Делува дека повредата е сериозна. Не мириса на добро“, рекол францускиот селектор Жијон Жил.

Доколку Пардин не може да продолжи, тоа ќе биде голем удар за Франција. Голманот е најдобриот играч на „триколорите“ во првите три натпревари. Пардин, во првото коло, со 18 одбрани и овозможи на својата репрезентација да ја победи Норвешка.

Франција на голманската позиција покрај Пардин ги има Венсан Жерар и Јан Женти од ПСЖ.

Share
Scroll to Top