Италија најавува правни постапки против „Фајзер“ поради доцнењето на вакцините

пред 4 години

Италија има намера да преземе правни активности против американската лабораторија „Фајзер“ во наредните денови поради доцнење во испораката на вакцини против коронавирусот, најави шефот на италијанскиот кризен штаб Доменико Аркури.

„За заштита на здравјето на италијанските граѓани не може да се преговара“, предупреди Аркури.

Тој додаде дека кампањата за вакцинација не може да се забави, а камоли давањето на втората доза на многу Италијанци кои веќе ја примиле првата доза на вакцината на „Фајзер“.

„Фајзер“ и германскиот партнер „Бионтек“ неочекувано објавија дека нема да можат да ја обезбедат количината на вакцини за кои се обврзале, што предизвика гнев кај европските земји, кои веќе се наоѓаат на критики поради бавноста на кампањата за вакцинација.

Лабораториите потоа ги уверија следниот ден дека имаат „план“ да го ограничат одложувањето на испораките на вакцините на една недела.

Сепак, Аркури рече дека „Фајзер“ го известил Рим за понатамошното одложување на испораката на вакцините.

Share
Scroll to Top