Поранешната тенисерка, Марија Шарапова ужива во врската со англискиот милионер, Александер Гилкс (41), а нивната приказна сега е во сериозна фаза.
Тоа го потврдува и вереничкиот прстен кој веќе некое време е на нејзината рака. И тоа не било каков, сепак се работи за екстра популарна тенисерка и човек кој „лежи на пари“. Се работи за ретко парче дијамант вредно 300.000 фунти, пренесуваат англиските медиуми.
Популарната Маша на своите следбеници им го покажа прстенот кога завршуваше старата 2020 година. Тогаш и ја донесе одлуката да ја заврши професионалната кариера. Марија и нејзиниот избраник се забавуваат две години.