(Видео) Селена Гомез како Фрида Кало: Сите имаме болки и лузни

(Видео) Селена Гомез како Фрида Кало: Сите имаме болки и лузни

пред 4 години

Пејачката Селена Гомез ја промовираше новата песна „De Una Vez“ , за која сними и видео-спот.

Со ова таа најавува ново поглавје во кариерата. Она што е во фокусот последниве денови е фустанот. Се работи за креација од брендот „Родарте“, со нагласени ракави и цветен принт.

Од тимот на пејачката, а и модната куќа велат дека целта била да се создаде фустан кој ќе биде јасна асоцијација на Фрида Кало, односно Мексико и корените со кои се гордее.

Во тој контекст е и срцето кое го носи во предниот дел, што е уште една од многуте референци на мексиканската култура.

 

 

„Срцето е дизајнирано како асоцијација на она што во Мексико го викаат „милагро“ (чудо) и е метафора за исцелувањето кое ја следи приказната“, велат од „Родарте“.

Но, од друга страна, сака да и даде фокус и на природата:

„Ми се допаѓа улогата во видото. Сите имаме болка и лузни од различни искуства кои сме ги минале низ животот, но се работи за тоа како самите се лекуваме, исцелуваме. Не само во контекст на тоа дека го оставаме минатото зад нас и простувањето, туку и во контекст на силата, продолжувањето напред, започнувањето ново поглавје”, вели пејачката.

Share
Scroll to Top