ФСБ осуети терористички напад во рускиот регион Башкортостан

пред 4 години

Руската Федерална служба за безбедност (ФСБ) спречи терористички напад врз полицајци во регионот Башкортостан и приведе руски државјанин кој го подготвувал нападот, се вели во извештајот на ФСБ, пренесува ТАСС.

„Федералната служба за безбедност спречи терористички напад во Република Башкортостан. Акцијата на ФСБ резултираше со притвор на руски државјанин, роден 1995 година, кој подготвувал напади врз полициските службеници”, се вели во соопштението.

ФСБ не го објавуви идентитетот на уапсениот, повикувајќи се на нејзината тековна истрага. Според ФСБ, во неговото тајно складиште биле запленети огнено оружје, муниција и делови од импровизирана експлозивна направа.

На неговите уреди за комуникација се пронајдени прирачници за правење бомби и преписка со припадници на меѓународната терористичка организација Хајат Тахрир ал-Шам, забранета во Русија, што ги докажува неговите криминални намери.

ФСБ објави и видео снимка на која се гледа осомничениот терорист.

„Тука имав намера да набавам оружје и рачно изработена експлозивна направа за да разнесем луѓе“, вели тој во одговор на прашањето на истражителот.

 

Share
Scroll to Top