Ердоган: Во Турција пристигнуваат 10 милиони дози кинеска вакцина

пред 4 години

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека Кина одобрила испорака на втор контингент вакцини „корона вак“ против Ковид-19 и дека викендов во Турција може да пристигнат 10 милиони дози.

Оваа вакцина е произведена од компанијата „Синовак биотек“.

Турција веќе доби почетно количество од три милиони дози и вакцинираше 1,166 милиони луѓе. Тоа се претежно здравствени работници и стари лица.

Ердоган ја објави информација за вакцините во обраќањето до новинарите во Истанбул.

Share
Scroll to Top