Кристина Ричи го тужи сопругот за насилство: Ги сокрив сите ножеви дома, мислев дека ќе ме убие

пред 4 години

Американската глумица Кристина Ричи го тужи сопругот Џејмс Хердеген за насилство и побара судски налог со кој ќе му се забрани да ѝ се приближува неа и на нивниот син. Таа вели дека сопругот ја малтретирал физички и психички и дека неколку пати помислила дека ќе ја убие. Ова го потврди и адвокатот на Хердеген.

Според глумицата, психичкото малтретирање почнало еден месец по нивната венчавка во 2013 година.

„Ми велеше дека единствениот начин да му биде жал за мене, е ако ме распарчат на мали парчиња. Тоа ме натера да ги скријам сите ножеви дома. Се плашев за мојот живот и животот на нашиот син. Спиев во посебна спална соба со Фреди и ја заклучував вратата“, раскажала Ричи.

Физичкото насилство, пак почнало и лани во декември, по што таа побара развод. Актерката потоа објави и слики од модринки и исеченици кои ги добила кога сопругот ја натепал.

Според адвокатите на Ричи, разводот ќе биде завршен дури на лето.

Share
Scroll to Top