(Фото) Пике продолжи да ја провоцира Шакира, прво носеше часовник Касио, а сега на работа дојде со Твинго

(Фото) Пике продолжи да ја провоцира Шакира, прво носеше часовник Касио, а сега на работа дојде со Твинго

пред 1 година





Бившиот фудбалер на Барселона, Џерард Пике, пак ја провоцираше поранешната партнерка Шакира. Прво во емисијата The Kings League рече дека почнал да носи часовник „Касио“ затоа што има договор со компанијата, а сега на работа дојде со автомобил „Твинго“.

Ова следеше откако пејачката во најновата песна го исмеа дека заменил „Ролекс“ за „Касио“ и „Ферари“ за „Твинго“, мислејќи на тоа како ја заменил за нова девојка.

Шакира и Пике раскинаа на средината на 2022 година и оттогаш не се во добри односи. Пејачката пред неколку дена објави песна за која многумина мислат дека му ја посветила, а од тогаш провокациите не престануваат од двете страни.

Ситуацијата стана уште посериозна откако на нејзиниот балкон се појави кукла во облик на вештерка која гледа во куќата на мајката на фудбалерот.





Share
Scroll to Top