(Видео) Џон Траволта стана пилот, глумецот се пофали дека добил дозвола да лета патнички авион

(Видео) Џон Траволта стана пилот, глумецот се пофали дека добил дозвола да лета патнички авион

пред 2 години

Џон Траволта се пофали дека станал пилот и дека добил дозвола за управување со авион Боинг 737. Тој рече дека веќе со децении лета со помали авиони.

„Имам дозволи за 747 и 707, а сега и за 737. Сè помина супер, па само сакам со вас да го споделам овој убав момент“, рече Траволта.

Голем број фанови му честитаа, меѓу кои и бројни славни пријатели.

„Баш си кул“, му рече американскиот пејач, глумец и продуцент Дони Волберг, а честитки доби и од Наоми Кембел. Траволта научи да лета со авион уште кога имаше 15 години, а првата дозвола ја доби 1978 година.

Поседува најмалку седум авиони меѓу кои и „Боинг 707“, бомбардер „Челенџер 601“ и „Боинг 727“. Глумецот рече дека воздухопловството на некој начин му претставувало бегство од проблемите, а на имотот на Флорида има и приватна писта за неговите авиони.

„Секогаш во него барав спас кога имав лоши мисли. Само кога ќе погледнам брошура со некои од воздушните линии, се расположувам“, рече Траволта за CBS News.

Share
Scroll to Top