Кинески истражувачи открија нова генска терапија против стареење

Кинески истражувачи открија нова генска терапија против стареење

пред 4 години

Првпат со технологијата за скрининг заснован на гените идентификуван е нов двигател на клеточното стареење. Тоа може да биде дел од новите стратегии за одложување на стареењето и спречување на болестите поврзани со стареењето, соопштуваат кинески истражувачи, пренесува кинеската агенција „Синхуа“.

Со скрининг и идентификување повеќе од 100 гени одговорни за стареењето на човечките клетки истражувачкиот тим покажа дека со исфлање или оневозможување на некои гени со помош на ЦРИСПР може да го обесхрабри стареењето на човечките мезенхимални прејурсор клетки (хМПЦ). Меѓу гените што доведуваат до сенилност е и генот КАТ7 (хистонска ацетилтрансфераза), кој се смета за еден од катализаторите на стареењето.

  

„Со исфлањето на КАТ7 се докажа ефикасно ублажување на клеточното стареење во експериментите на тимот“, рече Жанг Веичи, истражувач на Институтот за геномика во Пекинг при Кинеската академија на науките.

Научниците успеале да го намалат процентот на остарени клетки кај црниот дроб на стари глувци и им го продолжиле животниот век на физиолошки старите глувци и на оние со проџерија, кое претставува прогресивно генетско нарушување што предизвикува брзо стареење на децата.

Новата генска терапија заснована на оневозможување еден ген или користење на КАТ7-инхибиторите може да им го продолжи животот на цицачите. Исто така, може да го забави стареењето на човечките клетки на црниот дроб. Тоа овозможува огромен потенцијал за нејзина примена во новата транслејшн-медицина, која е насочена кон целење на болестите, како што сега е насочена против стареењето на луѓето.

Share
Scroll to Top