Ајде да преброиме колку се 'силувани' само за да си ги промовираат филмовите: Милан Станковиќ навлече гнев во јавноста

Ајде да преброиме колку се ‘силувани’ само за да си ги промовираат филмовите: Милан Станковиќ навлече гнев во јавноста

пред 3 години

Српскиот пејач Милан Станковиќ наиде на осуда во јавноста поради својот коментар на Твитер за вакцинираните од коронавирус и за актерките кои јасвно кажаа дека се силувани. Пејачот тврди тоа се зимислици со кои глумиците се служат за да си ги промовираат филмските проекти.

„Власта Велисављевиќ беше вакциниран, а почина од корона. Случајот е затворен. Само ние убаво да продолжиме ги броиме ‘силуваните’ поради слава и промоција на своите филмови, серии. Од тоа ни зависи животот, зар не? Пу, лицемери едни“; напиша Станковиќ.

Откако неговиот твит наиде на критики и со тоа го навлече гневот на јавноста, Милан рече дека не се кае за напипаното и дека има право на свое мислење.

„Ботовите мислат дека со дека со оспорување, банализирање и демонизирање кон мене, можат да ги оспорат фактите! Не вреди.Тие остануваат и без мене. Слободно запалете ме, забранете ми го правото на мислење, бидејќи и онака ми е забрането правото на работа, интегритет, движење. Се навикнав да живеам без основните човекови права“, напиша пејачот.

Share
Scroll to Top