УФЦ шампионот во лесна категорија (во пензија), Хабиб Нурмагомедов не го криеше задоволството од шокантниот пораз на Конор Мекгрегор од Дастин Поаире на УФЦ 257, анализирајќи ги причините за поразот на Ирецот.
Хабиб, кој ги победи Мекгрегор и Поаире во последните три години, смета дека Ирецот не се фокусирал на мечот доволно.
„Ова се случува кога ќе го смениш својот тим. Кога ќе ги оставиш спаринг-партнерите кои те направија шампиони спарингуваш со мали деца, далеку од реалноста“, напиша Хабиб на Твитер.
Мекгрегор одговори на прес-конференцијата по мечот.
„Мојот тим не е сменет од првиот ден. Тоа е карактерот на човекот зад маската. Ако сака да има вакви коментари, нека се врати и повторно ќе пробаме“, изјави Мекгрегор.
Шефот на УФЦ, Дејна Вајт, пак, по мечот откри дека Хабиб му кажал: „Биди искрен, јас сум многу нивоа над овие момци“.
This is what happened, when you change your team, leave the sparring partners who made you a champion and sparring with little kids, far away from reality.
— khabib nurmagomedov (@TeamKhabib) January 24, 2021