(Видео) Англија чекор поблиску до ЕП, Италија е пред елиминација

(Видео) Англија чекор поблиску до ЕП, Италија е пред елиминација

пред 6 месеци

Англија од Ц-групата, во која се натпреварува и Македонија, славеше против европскиот првак Италија со 3:1. Со ист резултат Украина забележа победа кај Малта.

Англичаните со пресврт ја победија Италија. Азурите дојдоа до предност со голот на Скамака. До крајот на полувремето израмни Кејн од пенал, а во второто полувреме Рашфорд го комплетираше пресвртот, а Кејн со вториот гол стави точка на мечот.

Малта водеше против Украина со голот на Мбонг во 12.минута. Во финишот на првиот дел, во 38. и 43.минута, Украина постигна два гола, преку Камензули (авто гол) и Довбик. Точка на мечот стави Мудрик во 85.минута.

Англија води со 16 бода, Украина има 13, Италија 10 и меч помалку, Македонија седум, а Малта е без освоен бод.

До крајот Италија ќе игра против Македонија и Украина.

Share
Scroll to Top