Во Загреб почина 11-годишно дете кое имало коронавирус

пред 4 години

11-годишно момче почина во текот на ноќта на Клиниката за инфективни болести Д-р Фран Михаљевиќ во Загреб како резултат на инфекција со коронавирус.

Ова е најмладото починато лице како резултат на Ковид-19 во Хрватска, пренесува 24сата.хр.

Неофицијално се дознава дека момчето не страдало од други болести, но имало ретка компликација што лекарите почнале да ја забележуваат кај мал број деца кои биле заразени.

Наводно, имало мултиоргански воспалителен синдром кој се јавува како прекумерен имунолошки одговор.

Share
Scroll to Top