Кира Најтли веќе нема да снима секс сцени пред мажи режисери

Кира Најтли веќе нема да снима секс сцени пред мажи режисери

пред 4 години

Британската актерка Кира Книтли веќе нема да снима секс сцени во филмови што ги режираат мажи. Таа вели дека и претходно почнала да избегнува да се соблекува во филмовите оти има две деца, но сега е решена воопшто да не снима секс сцени ако режисер на филмот е маж.

„Не ми се допаѓаат машките погледи за време на снимањето. Ако работам приказна во која се зборува за мајчинството и прифаќањето на телото по породувањето, таа ќе треба да ја режира жена“, вели Кеира.

„Не сакам да бидат оние ужасни секс сцени каде сите се нервозни и сите негодуваат. Не ми е гајле за тоа, и режисерите ќе мора да го прифатат мојот став“, вели 35-годишната актерка.

Таа додава дека нема ништо против голотијата во филмовите и дека е свесна дека овие сцени се потребни во некои филмови.

„Можете да користите некој друг, а моето тело по две раѓања не е исто и само би сакала да не стојам гола пред група мажи“, вели Кира.