Куриер: Дајте му нова шанса на Ѓоковиќ

Куриер: Дајте му нова шанса на Ѓоковиќ

пред 4 години

Поранешниот светски рекет број 1, Џим Куриер вели дека австралиската јавност мора да му даде нова шанса на Новак Ѓоковиќ по контроверзите околу наводната „листа на барања“ која ја објавил српскиот светски број 1.

Ѓоковиќ е еден од 72-те тенисери и тенисерки кои беа приморани да бидат во карантин во Австралија откако во нивните чартер-летови имаше позитивни луѓе на КОВИД-19 и тој побара од властите подобра храна за тие кои се во во локдаун во хотелите и можност да се преселат во „приватни куќи со тениски терени“. Австралиските власти веднаш го одбија ова, а 17-кратниот освојувач на гренд слем турнири мораше да се правда дека не е „себичен, тежок и неблагодарен“.

Куриер вели дека Австралијците не треба да се престроги кон Србинот.

„Новак сакаше да застане зад другите тенисери тука во Австралија. Тој сакаше да биде лидер, и тоа лошо се протолкува во јавноста и се надевак дека Австралијците ќе му дадат шанса барем да објасни што мислеше. Тој е чувствителен кон јавното мислење и се обидува да се докаже. Според тоа што го направил на теренот треба да е миленик на публиката, но пристигна на сцената кога многу фанови решија да навиваат за Федерер или Надал“, вели Куриер.

Ѓоковиќ со писмо ги објасни своите „разумни“ барања

Share
Scroll to Top