Бруно: Дали сум уморен? Па имам само 26 години!

Бруно: Дали сум уморен? Па имам само 26 години!

пред 4 години

Ѕвездата на Манчестер јунајтед, Бруно Фернандеш ги отфрли тврдењата дека чувствува замор откако овој викенд ќе ја комплетира првата година во дресот на „ѓаволите“, во која имаше 28 гола и 17 асистенции по пристигнувањето од Спортинг Лисабон за 67.8 милиони фунти.

Многумина стравуваа дека постојаното потпирање на играта на Португалецот ќе донесе до синдром на „горење“ на Фернандеш, но во неделата тој покажа колку е драгоцен, кога влезе од клупата и го постигна победничкиот гол за 3:2 победата над Ливерпул во ФА купот.

„Уморен? Како можам да бидам уморен на 26 години. Ако сега сум уморен, кога ќе имам 30 или 32 треба воопшто да не играм. Или ќе играм еден меч од пет! Воопшто не сум уморен. Тренерот знае што е најдобро за тимот и зошто го избра Дони ван де Бек да стартува, да даде свежина на тимот. Тоа е фер, бидејќи Дони тренира многу добро и е важен играч за нас и ќе биде уште поважен во иднина. Секој треба да е подготвен да игра кога ќе го избрат, но најважно е да се победува“, вели Фернандеш.

Share
Scroll to Top