Осака со 22 победи во низа, Нори го исфрли Димитров

Осака со 22 победи во низа, Нори го исфрли Димитров

пред 3 години

Втората носителка Наоми Осака ја забележи својата 22. победа едноподруго, совладувајќи ја Ајла Томљановиќ со 7:6(3)/6:4 во второто коло на Мајами опен.

Осака имаше 13 аса против Томљановиќ и нема загубено во 2021 – нејзината победничка низа ја вклучува и нејзината четврта гренд слем титула во кариерата на Австралија опен минатиот месец.

Кај мажите, првиот носител, Русинот Данил Медведев за помалку од еден час со 6:2/6:2 го збриша 37-годишниот тајвански ветеран Јен-Хсун Лу, но три носители загубија рано – Давид Гофан (8), Григор Димитров (8) и Рајли Опелка (30).

Гофан, полуфиналистот од 2016 загуби од Џејмс Дакворт, Димитров со 7:5/7:5 беше поразен од Британецот Камерон Нори, додека Опелка загуби од Австралиецот Алексеј Попирин.

Share
Scroll to Top