Актуелните американски трговски рестрикции ги блокираат сите одржливи патишта на Huawei кон конкурентноста на меѓународниот пазар на паметни телефони. Тоа е причината зошто компанијата во ноември го продаде својот подбренд Honor и зошто сега се појавуваат гласини дека компанијата би можела да излезе од пазарот на премиум телефони.
Според наводите на Ројтерс, кој прв извести и за продажбата на Honor, две лица со знаење и информации за актуелната состојба открија дека Huawei е во преговори во врска со продажбата на своите премиум смартфон брендови – Huawei P и Huawei Mate.
Преговорите, наводно, се уште се во рана фаза, но се актуелни веќе со месеци и се водат меѓу Huawei и конзорциумот на инвеститори и дистрибутери поддржани од властите од Шангај.
Изворите сугерираат дека Huawei сè уште се надева дека ќе продолжи да произведува премиум Kirin чипови за уредите, но актуелните американски санкции значително ги лимитираат опциите на компанијата.
Двете страни беа контактирани за да ги коментираат најновите информации. Властите во Шангај истакнаа дека не се запознаени со оваа тематика.
Huawei го соппшти следното: “Huawei дозна дека кружат неосновани гласини во врска со можната продажба на нашите водечки брендови на паметни телефони. Овие гласини воопшто не се основани. Huawei нема такви планови”.