Јужнокрејската актерка Сонг Јо-џунг е пронајдена мртва во нејзиниот дом. Веста за смртта на 26-годишната актерка ја потврдила нејзината агенција. Актерката починала минатата недела, но семејството дури сега дало дозвола да се објави веста во јавноста.
„Актерката Сонг Јо-џунг тукушто нè напушти“, напишаа од нејзината агенција на Инстаграм. „Таа беше пријателка која секогаш ни пружаше среќа со светла насмевка и одлична актерка со повеќе страст од кој било друг“.
Сонг починала во саботата, a погребот бил затворен само за семејството. Во соопштението не се наведени причините за смртта.
Сонг ja почнала кариерата во 2013 година како модел за козметичката компанија Estée Lauder. Истата година глумела во ТВ-драмата Golden Rainbow и добила споредни улоги во уште две серии во 201 и 2017 година. Нејзината последна улога била во 2019 година, кога ја имаше главната улога во драмата Dear My Name.