Касано: Во Реал бев дебел, јадев „Нутела“ од тегла

Касано: Во Реал бев дебел, јадев „Нутела“ од тегла

пред 4 години

Антонио Касано, контроверзното момче на италијанскиот фудбал, открил зошто не успеал да направи кариера во најпознатиот светски клуб, Реал Мадрид.

Касано, како голем талент од Бари се пресели во Рома, со „волчицата“ ја освои Серија А, а во 2006 година направи трансфер во Реал. На „Сантијаго Бернабеу“ не успеа да се докаже, на 29 натпревари постигна само четири гола.

Касано, во Реал, имаше проблеми со тежината. Во Мадрид пристигнал со 12 килограми повеќе, успеал да дојде до посакуваната телесна маса, а „благодарение“ на клупскиот спонзор „Нутела“, во еден момент имал 14 килограми повеќе.

„Во Реал Мадрид, некако успеав да ја намалам тежината, скинав 12 килограми, но кога во клубот дојде Фабио Капело, повторно се здебелив. Клупски спонзор беше „Нутела“. Добивавме по 5 килограми месечно од нивните производи“, рекол Касано за Бобо ТВ и дополнил.

„Кога дојде Капело постигнав два гола во два натпревари, се чувствував како крал на светот. Потоа ме извади од игра против Лион, се искарав со него во Херез и тој ме исфрли од тимот. За седум месеци додадов 14 килограми. Јадев Нутела од тегла, ми беше гајле за се“.

Касано по заминувањето од Реал играше во Сампдорија, Интер и Милан.

Share
Scroll to Top