Фудбалерите на Силекс, во контролен натпревар, одигран во Турција, забележаа пораз од Партизан 0:3.
Силекс во првиот дел, имаа неколку шанси, но не успеаја да го погодат голот на противникот.
Партизан победата ја обезбеди во вториот дел.
Два гола постигна Јапонецот Асано, во 63. и 79.минута. Четири минути пред вториот гол, Ѓорѓевиќ, пропушти добра шанза за израмнување.
Конечниот резултат го постави Миловановиќ во 85.минта. Напаѓачот на Партизан ја искористи грешката на голманот на Силекс, Божиновски.