Полицијата во текот на вчерашниот ден (28 јануари) извршила засилени сообраќајни контроли на територијата на општина Струмица.
Како што информираат од МВР, притоа биле изречени вкупно 112 мерки, од кои 13 за возење без возачка дозвола, 8 за нерегистрирани возила, 24 за возење со брзина над дозволената, 6 за технички неисправни возила и останати 61 санкција.
Од ресорното министерство посочуваат дека засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови.