Попладнево се извлечени четврт-финалните двојки во Купот на Шпанија. Барселона и во оваа рунда ќе гостува. По натпреварите со Корнеља и Рајо Ваљекано, Барселона ќе гостува кај Гранада.
Интересно, откако мината сезона Шпанците го сменија форматот во Купот, односно до полу-финалето да се игра еден натпревар, Барселона нема играно на домашен терен.
Неодамна Барселона со 4:0 победи во Гранада.
Леванте, во чии редови игра Енис Барди, за противник го доби тимот на Виљареал, а уште една двојка од Ла Лига, формираа Бетис и Атлетик Билбао.
Севилја силите ќе ги одмери со членот на Сегунда, Алмерија.
Четврт-финалните натпревари ќе се одиграат на 2,3 и 4 февруари.