Мицкоски: Македонија падна и на листата на економските слободи

пред 4 години

Падот на листата на економските слободи на Heritage не е до перцепцијата, туку до лоповлукот на Владата, пишува опозицискиот лидер, Христијан Мицкоски во статус на социјалните мрежи.

Тој вели дека станува збор за пад од 8 места на индексот на еконмските слободи, односно од 33. на 41. место за оваа година.

„Пред нас се Казахстан, Руанда, Боцвана. Државава падна, од групата на главно слободни држави, во групата на умерено слободни земји. Како една од забелешките се јавните трошења на државата за социјални трансфери, поточно поткупот кој го правеше Владата за време на изборите, наместо инвестирањето во капитални трошења. Воедно, се забележува на високото ниво на корупција и недостатокот на борба против криминалот“, пишува Мицкоски.

Не е до перцепецијата, до лоповлукот на Владата е!

Нов шамар за Владата, ново соочување со реалноста.

Нов пад денес,…

Posted by Hristijan Mickoski on Friday, January 29, 2021

Тој нагласува дека со ова, за два дена се забележани два два тешки пада за државата, во две клучни области, откако вчера во извештајот на „Транспаренси“ Македонија беше  рангирана најлошо досега во борбата против корупцијата.

„Сите меѓународни институции алармираат на она што се случува во државата. Ниту правда има, ниту развој на економијата.. Ова е полошо од мафија. Оваа Влада ја краде иднината на сите и ја распарчува државата. Потребни се оставки, одговорност и обезбедување на иднина“, пишува Мицкоски.

Share
Scroll to Top