202 казнети возачи во Скопје, 90 за брзо возење

пред 2 години

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (19.02.2022) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територија на град Скопје изречени се вкупно 202 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 90 санкции, 42 мерки за возење под дејство на алкохол.

Изречени се 12 мерки за возење без возачка дозвола, шест за возач почетник.

МВР апелира до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемат безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесат за посигурни патишта.

Share
Scroll to Top