Рита Ора понудила мито за да прави забава во време на корона: Побарала да се исклучат камерите, потоа не им платила

Рита Ора понудила мито за да прави забава во време на корона: Побарала да се исклучат камерите, потоа не им платила

пред 3 години

Шефот на ресторанот „Каза круз“ во Лондон, Скоти Бахатарај, тврди дека тимот на пејачката Рита Орa му понудил 5.000 фунти за да ги исклучи камерите, а таа да организира роденденска забава во време на локдаунот заради пандемијата. Тој својата приказна ја раскажа за британските медиуми и вели дека и покрај тоа што се договорил со нив, Ора никогаш не му ги дала парите.

„Планот беше во ресторанот да има седум лица на кои ќе им се послужат храна и пијалаци. Рита и нејзината сестра први дојдоа во ресторанот. На крајот имаше околу 30 гости, сите беа многу гламурозни и влегоа преку влезот од задната страна, додека обезбедувањето го чуваше предниот влез за да се осигура дека никој друг нема да влезе. Откако некои од нејзините гости биле видени како ја напуштаат роденденската забава, во ресторанот пристигна полицијата, а Рита ја казнија со 13.000 фунти оти ја прекрши забраната за јавни собири. Го казнија и ресторанот“, рекол Бахатарај, кој во меѓувреме добил отказ од работа.

По ова, Ора јавно се извини за непромисленоста. Но, јавноста и понатаму ја критикува нејзината постапка, бидејќи велат дека истите правила не важат за богатите и сиромашните дури ни за време на пандемијата со короната.

Share
Scroll to Top