Њукасл јунајтед, кога никј не очекуваше, ставија крај на серијата од пет порази во Премиер лигата. Њукасл, во првиот меч од саботната програма, како гости со 2:0 го победија фаворизираниот Евертон.
Екипата на Стив Брус, сега има 22 поени ид 21 натпревар и се наоѓа на 16 место на табелата.
На „Гудисон“, Њукасл беа подобри во текот на целиот натпревар. Имаа две шанси преку Калум Вилсон во првиот и вториот дел, кои не ги искористија. Сепак, напаѓачот на Њукасл, успеа да ги наплати тие промашувања. Првиот гол го постигна во 73.минута, а со својот втор гол во 93.минута стави точка на натпреварот.