Руски олигарх вели дека е негова палатата од 1.3 милијарди долари, за која Навални тврди дека е на Путин

Руски олигарх вели дека е негова палатата од 1.3 милијарди долари, за која Навални тврди дека е на Путин

пред 3 години

Рускиот олигарх Аркадиј Ротенберг вели дека раскошната палата од 1.3 милијарди долари на брегот на Црно Море, е негова, а не Владимир Путин, како што тврди рускиот опозиционер Алексеј Навални.

Ротенберг, милијардер кој е близок пријател на Путин и негов поранешен спаринг партнер во џудо, излезе во јавноста со тврдење дека тој е сопственик на палатата.

„Постигнав договор со кредиторите пред неколку години и потоа станав корисник на имотот. Тој ќе биде довршен во наредните години и треба да стане хотелски комплекс“, кажа Ротенберг.

Тој се огласи ден пред најавените нови протести во Русија против притворањето на Навални, чиј тим во почетокот на месецот објави филм за палатата, за која се вели дека вреди 1,3 милијарди долари и дека била платена со „најголемото мито во историјата“. Палатата се наоѓа на имот од 17.691 квадратен метар, што е 39 пати поголемо од Монако.

Видеото од огромната палата, кое го објави Навални, се споделува на Интернет и досега е прегледано над 100 милиони пати. Путин уште веднаш демантираше дека палатата е негова.

Share
Scroll to Top