Пет стилски идеи како најдобро да носите плетен фустан – носете го цела зима, но внимателно стилизирајте го.
1. Со чизми над колена
Чизмите најдобро се комбинираат со плетен фустан, особено во зима. Моделите преку колена му даваат печат на лелеавиот фустан, а исто така и добро ги греат нозете.
Совет: со лежерен лелеав фустан подобро е да носите чизми со рамна пета, затоа што во спротивно, високите потпетици можат да делуваат како претерување.
2. Со ремен
Најдобар начин да му дадете облик на вашето тело е да ставите фин ремен околу вашиот струк и веднаш ќе имате поубава силуета. Необичните детали на ременот го прават изгледот апсолутно привлечен.
3. Со палто
Сакате нешто поелегантно? Врз плетениот фустан едноставно облечете деловно палто, што значи дека изгледот е апсолутно прикладен за во канцеларија. Најважно е да облечете „оверсајз“ сако, затоа што на тој начин целокупниот изглед ќе изгледа поскладно.
4. Со кардиган
Сите оние кои сакаат да облечат уште поудобна варијанта можат едноставно да облечат долг кардиган преку плетениот фустан. На тој начин ќе добиете популарен и практичен слоевит изглед, а плетените комплети од два дела оваа зима се исто така доста популарни. Оваа комбинација е совршена и за прелазното време меѓу годишните времиња!
5. Со детали
Оние кои сакаат да бидат што е можно поминималистички, можат да се одлучат за модели кои веќе имаат софистицирани детали на кројот. Можете и без додатоци како каиш или кардиган, на пример, можете да бидете доста упадливи со асиметрични облици и необични кроеви.