Наставничка која ги направила ракавиците на Берни, сега ќе произведува илјадници такви, парите ќе ги даде за добротворни цели

Наставничка која ги направила ракавиците на Берни, сега ќе произведува илјадници такви, парите ќе ги даде за добротворни цели

пред 3 години

Стилот на американскиот сенатор Берни Сандерс на инаугурацијата на претседателот Џо Бајден стана инспирација за безбројни мемиња, од кои не можеше да се избега изминатиот период.

Многумина сега сакаат да ги купат истите, но не можат, затоа што тие повеќе не се произведуваат.  За оваа цел, наставничката Џенифер Елис од Вермонт, која ги изработила сега веќе познатите ракавици, пронашла производител кој ќе произведува вакви ракавици.

Средствата таа вели дека ќе бидат наменети за добротворната организација „Make a Wish Vermont“

„Имам неверојатни вести. Јас се здружувам со Vermont Teddy Bear за да направам ракавици како на Берни. Ракавици за сите“, напишала на „Твитер“ Џенифер и додала дека дел од приходите ќе бидат наменети за добротворната организација „Make a Wish Vermont“.

Наставничката (42) на Сандерс му испрати пар свои ракавици изработени од стари волнени џемпери обложени со руно од рециклирани пластични шишиња, како утешен подарок откако изгуби на претседателските избори во 2016 година од Хилари Клинтон.

Следната година кога Сандерс повторно се кандидираше, Елис дозна дека носел ракавици и дека луѓето ги нарекувале неговите ракавици за во рерна, но тој ги позајми на некого.

Елис вели дека била толку трогната што му испратила на Сандерс уште 10 пара.

Рачно изработени, рециклирани ракавици во кафеава и беж боја станаа хит по објавувањето на фотографијата на Сандерс од инаугурацијата на 20 јануари. Тој седеше сам во преклопен стол и се чинеше дека не е импресиониран од атмосферата.

Фотографијата на фотографот од АФП, Брендан Смиаловски стана првото вирално меме од ерата на Бајден, па Сандерс се појавуваше на сè, од сцените во „Војна на Sвездите“ до „Последната вечера“ од Леонардо да Винчи.

Многу, многу побараа да купат пар од овие одлични ракавици. За жал, јас не ги правам повеќе. Но, сакам да се осигурам дека ќе добиете еден пар, рече Елис во видеото на Vermont Teddy Bear, објавено на нивната веб-страница.

„Секој што ги сака овие ракавици ќе ги добие“, воодушевено рече наставничката.

Елис за AFP изјави дека три дена по инаугурацијата, добила околу 13.000 електронски пораки од луѓе кои сакаат да купат такви ракавици.

Не само еден пар – луѓето сакаат многу од нив, додаде таа.

Share
Scroll to Top