(Видео) Елон Маск откри како ги фаќа во лага кандидатите кои му доаѓаат на интервју за работа

(Видео) Елон Маск откри како ги фаќа во лага кандидатите кои му доаѓаат на интервју за работа

пред 4 години

Милијардерот Елон Маск во една прилика открил како ги фаќа во лага кандидатите кои му доаѓаат на интервју за работа. Методот е едноставен.

„Зборувајте ми за некоја работа или проблем, кој ви бил тешко да го решите“, е задачата која Маск им ја поставува на секој од кандидатите за време на интервјуата со своите кандидати.

„Луѓето кои навистина го решиле проблемот, знаат како точно да го решат“, изјавил Маск.

Тој на самитот World Goverment во 2017 година, вели дека тие кандидати го опишуваат проблемот до најситни детали.

Неговиот метод се потпира на идејата дека на некој што дава лажно тврдење му недостасува способност, за истото потоа го поткрепи со убедливи докази. Затоа тој сака да ги слуша кандидатите како зборуваат за проблемите, чекор по чекор.

А потоа сака да слушне како тие работеле на решавање на проблемот.

Студија објавена во еден магазин „Journal of Applied Research im Memoru and Cognition, покажува неколку пристапи на откривање на лажговците и тоа преку техниката на разговор за работата.

Една од таквите техники е „Асиметрично управување со информации“, и е осмислена како на испитаниците да им се овозможуви средства и начини за тие да можат потоа да ја докажат својата невиност или пак вина со помош на давање на детални информации.

Малите детали се клучот за истражителите во форензичката истрага. Тие даваат детални информации за проверка на проблемот. Вистината може да се дојде и преку сведоците кои се испитаат, велат авторите на студијата.

Студијата покажала дека оние кои ја говорат вистината обично сакаат да ја покажат својата невиност, така што даваат детални информации како одговор.

Share
Scroll to Top