Првите фотографии од снимањето во Австралија, на новиот суперхеројски филм „Thor: Love and Thunder“ беа објавени неделава.
Филмот „Thor: Love and Thunder“ (Тор: Љубов и грмотевици), кој е продолжение на филмот „Thor: Ragnarok“, е новиот проект од студиото Марвел. Под фотографиите, од сетот на овој блокбастер, се најдоа бројни позитивни коментари.
За фотографијата со имењаците Крис Прат и Крис Хемсворт, под објавата од студиото Марвел, напишаа „Тор и Стар Лорд изгледаат фантастично“. Двајцата се фотографирани во целосно воена опрема, костимографија која ќе се најде во новиот филм, кој излегува следната година.
Режисер на овој филм за суперхерои е новозеланѓанецот Таика Ваитити, а огромната и моќна продукција ќе остане во Австралија додека се снима филмот.
Се споменува дека ова снимање на локалната економија ќе и донесе дури 180. милиони долари, ќе обезбеди 2.500 нови работни места и ќе оствари соработка со повеќе од илјада локални компании.