Тијана Дапчевиќ вчера славеше роденден. Таа наполни 45 години. Во ист ден промовираше и нова песна, која носи наслов „Слепа љубов“.
„Еве ја. Новата песна, новиот спот, новиот роденден и по традиција, наместо торта ви подарувам песна , “ Слепа љубов“ – напиша Тијана и го објави видеото. Автор на музиката е Срѓан Лазиќ.
Иако не можеше да ги собере семејството и пријателите, Тијана доби бројни пораки и честитки за роденденот, но посебно од сестрата Тамара и внуката Хана.
На профилот на Хана се појави видео од неа како игра на песната „Never Gonna Give You Up“, а под него пораката „ Ти си мојата прва мајка. Те сакам најмногу и едвај чекам да те видам. Среќен роденден со твојата омилена песна. Твоја Хана.
И Тамара Тодевска со фотографија и го честиташе роденденот.
„Среќен роденден сестра. Те сакам до месечината и назад.“ напиша таа.
Роденденските честитки пристигнуваа и од колегите од естрадата. Милица Тодоровиќ, Весна Петрушевска и испратија пораки, а Жељко и Јована Јоксимовиќ и го честитаа со вклучување во живо од емисијата.