Фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Бруно Фернандеш е избран за најдобро зимско засилување во историјата на Премиерлигата од страна на читателите на „ББЦ“.
Покрај Португалецот во изборот за најдобар трансфер во преоден рок во јануари беа и: Немања Видиќ и Патрис Евра (Манчестер Јунајтед), Вирџил Ван Дајк, Луис Суарез и Фелипе Кутињо (Ливерпул), Пјер-Емерик Обамејанг (Арсенал), Немања Матиќ и Гери Кејхил (Челси) и Шејмус Кулман (Евертон).
За Фернандеш гласале 31% од љубителите на фудбалот, додека за Ван Дајк 25%. Трет на таа листа заврши Србинот Немања Видиќ.
@JuggyMarshall I think vidic over Fernandes every day of the week https://t.co/aNNj9bWMgS
— jimmy latham (@jimmylatham8) February 3, 2021