Првпат во историјата три режисерки во трката за „Златен глобус“

Првпат во историјата три режисерки во трката за „Златен глобус“

пред 4 години

Првпат во историјата на доделувањето на наградите „Златен глобус“ три режисерки успеале да влезат во најтесниот избор за наградата за најдобра режија на годинешната манифестација.

Реџина Кинг, Емералд Фенел и Клои Жао се режисерките што на 28 февруари ќе се борат за титулата најдобра филмска режија за наградата „Златен глобус“.

Во 77 години долгата историја на ова доделување, само 5 жени успеале да влезат во најтесен избор за овој вид награда, па со самото тоа годинешниот успех на режисерките е навистина посебен.

Освен годинешните номинации, во текот на историјата на „Златните глобуси“ петте жени што успеале да влезат во најтесниот круг за награда за најдобра режија се; Барбара Страјсенд, Џејн Кемпион, Софија Копола, Ава Дувернеј и Кетрин Бигелоу.

Реџина Кинг е режисерка на филмот One Night In Miami, Фенел на Promising Young Woman, а Клои Жао го режира Nomadland.

Покрај нив, за наградата за најдобра режија ќе се бори и Дејвид Финчер со филмот Mank (6 номинации) и Арон Соркин, чиј филм The Trial of the Chicago 7 доби вкупно 5 номинации.

Кога станува збор за ТВ-серии, најмногу номинации за „Златен глобус“ има серијата на Netflix – The Crown (вкупно 6 номинации), потоа следува серијата Schitt‘s Creek со 5 номинации, сериите Ozark и The Undoing со 4 номинации и сериите The Great и Ratched, кои имаат по 3 номинации.

Доделувањето на „Златните глобуси“ е закажана за 28 февруари 2021 година, а свеченоста ќе ја водат актерките Тина Феј и Ејми Полер.

Share
Scroll to Top