Палестина доби 10.000 дози од руската вакцина

пред 4 години

Палестина ја прими првата испорака на руската вакцина „Спутник V“ против Ковид-19, потврди палестинскиот министер за цивилни работи, Хусеин ал-Шеик.

Испораката вклучува 10.000 дози, а се донација од Русија.

Минатиот месец, Палестина стана првата средноисточна земја што официјално ја регистрираше руската вакцина, без дополнителни клинички испитувања во земјата.

Приоритет во вакцинација ќе имаат медицинскиот персонал, старите лица и хронично болните.

Share
Scroll to Top